Приказната на Френсис Нгану е една од најинспиративните во боречките вештини. Животот на 34-годишниот борец од Камерун е повеќе како филм и веројатно еден ден за него ќе се снима филм. „Предаторот“ преживеал со работ од детството и работел во каменолом за да преживее со семејството.
Неговите родители се разделиле кога Френсис имал 6 години и на 12-годишна возраст тој веќе работел во каменолом. Многу банди се обидувале да го намамат на криминален начин на живот, но не сакал да биде како неговиот татко, кој бил познат по криминалните активности. На 22-годишна возраст, Френсис почнува да тренира бокс и сонува за кариера во рингот, но престана да тренира поради болест.
Четири години подоцнај одлучи да го напушти Камерун и да тргне на долг пат кон Европа, каде што помина дури и два месеци во притвор. Френсис успева да стигне до Франција, каде што живее на улиците. Неговата судбина се насмевнува и го запознава Дидие Кармон, кој го прима во неговата спортска сала и го тренира бесплатно.
Останатото е историја и денес Нгану има учинок од 15-3 во ММА, со тоа што на сите победи се со завршница. Тој е еден од најстрашните борци во тешка категорија и е познат по тешките раце. Нгану е во серија од четири последователни победи со нокаут и очекува нова шанса за титулата во УФЦ. На својот профил на социјалните мрежи објави фотографија на која напиша дека потекнува од планинините на Камерун и стигнал до УФЦ.
„Од планина стигнав до октагонот во УФЦ“, напиша Нгану.
https://www.instagram.com/p/CGF6ObDnoYK/?utm_source=ig_embed