Френсис Нгану не сака да потпише нов договор со УФЦ. Во последните месеци шампионот во тешка категорија не е во многу добри односи со Дана Вајт. Ова беше причината зошто Вајт создаде привремена титула која ја освои Сирил Гане.
„Предаторот“ ќе мора да ја брани неоспорната титула против Гане во почетокот на 2022 година. Френсис верува дека не ја добива почитта што ја заслужува од УФЦ и се залага за подобри услови.
Нгану тврди дека во последните години позајмил пари за да преживее. Не е јасно колку е веродостоен неговиот говор, бидејќи досега има заработено над 3 милиони долари во УФЦ.
„Не потпишав нов договор со УФЦ. Постои клаузула за шампионите и тие се обидуваат да извршат притисок со продолжување, но не потпишав нов договор и мислам дека тоа е главниот проблем. Ова е причината за сите овие проблеми, бидејќи не сакам да потпишам нов договор под одредени услови.
Она што го нудат не работи за мене бидејќи не се чувствувам заштитено во овие услови. Се борев двапати во последните две години и морав да позајмам пари за да живеам. На никој не му е гајле.
Немам гаранција и немам заштита, затоа врз основа на ова искуство сакам да добијам нешто подобро. Сакам подобри услови според мојот договор и очигледно го заслужувам тоа“, изјави Френсис за американските медиуми за неговиот однос со организацијата.