Фрeнсис Нгану го поддржа својот пријател Камару Усман, кој уште еднаш ја одбрани титулата. Минатиот викенд, Усман го нокаутира Хорхе Масвидал и по втор пат во 2021 година ја одбрани титулата со нокаут.
Фрeнсис Нгану беше во неговиот агол и му ја возврати услугата што му ја направи Нигерискиот кошмар минатиот месец во битката со Стипе Миочиќ. Усман тогаш беше во аголот на Нгану и одблизу виде како неговиот пријател го нокаутира Миочиќ и стана шампион во тешка категорија.
Тие станаа многу блиски и не престанаа да се поддржуваат. На својот профил на социјалните мрежи, Нгану го поддржа Усман и му ја честиташе победата. Нгану верува дека никој не може да го допре Усман во полусредна категорија.
„Беше неверојатна ноќ за мојот брат. Камару Усман ја подобри својата борба со стој. Тој има слава на борач, но во стој настапува на високо ниво и доминира.
Ако не можеш да се бориш со него и не можеш да го победиш во стој, тогаш што бараш против него? Ништо! Тој испрати порака и покажа дека со причина е неприкосновен шампион“, напиша Нгану.