Френсис Нгану навести потпис со ПФЛ

Шампионот на УФЦ во тешка категорија (до 120 кг) Френсис Нгану во објава на социјалните мрежи навести можна транзиција од УФЦ во ПФЛ.

Предаторот допрва треба да го обнови договорот со организацијата. Нгану сака повеќе пари од УФЦ и да му дозволи да дебитира во бокс. Дана Вајт беше оптимист дека ќе има договор, но до денес нема никаков договор. Френсис веројатно е веќе слободен агент бидејќи неговиот договор беше до крајот на 2022 година.

Ако Френсис е слободен агент, тогаш ќе има неколку месеци во кои нема да може да преговара со ниту една организација. Така беше и со Нејт Дијаз, кому 3 месеци не му беше дозволено да преговара со други организации.

На својот профил на социјалните мрежи, Камерунецот објави серија новогодишни семејни фотографии на кои неговата мајка седи на празничната маса облечена во маица од ПФЛ. На тој начин ги поттикна гласините околу неговата иднина и навести дека ПФЛ е опција.

„Ја започнуваме најдобрата година досега! Среќна 2023 година на сите вас!“, напиша Нгану.

Ако оди во ПФЛ, тогаш Нгану ќе може да настапува и на боксерски натпревари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Francis Ngannou (@francisngannou)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON