Френсис Нгану планира да се повлече од спортот на возраст од 41-42 години.
Камерунската ѕвезда моментално се подготвува за враќање во ММА. „Предаторот“ ќе биде предводник на гала вечерта на ПФЛ, која е закажана за 19 октомври. Противник ќе му биде Бразилецот Ренан Фереира. Нивната средба ќе се одржи на гала вечерта од лигата во Ријад, Саудиска Арабија. Двајцата ќе се борат за титулата на ПФЛ во тешка категорија.
Нгану има скор од 17-3 во ММА и е во победничка серија од шест борби. Последен пат се бореше во ММА во јануари 2022 година и со одлука го победи Сирил Гане. По оваа борба Френсис го напушти УФЦ и направи 2 борби во бокс. Загуби од Тајсон Фјури, а во март годинава загуби и од Ентони Џошуа. Френсис е поранешен шампион на УФЦ во тешка категорија и победи во 16 борби со прекин.
Не сака премногу да се вовлекува во спортот, бидејќи ќе дојде време кога ќе го напушти и поразите ќе доаѓаат еден по друг.
„Планирам да се повлечам од спортот на 41-42 години. Сакам да го напуштам спортот, пред тој да ме напушти“, изјави Камерунецот.
https://twitter.com/mma_orbit/status/1844051535657091279