Поранешниот предизвикувач на титулата во УФЦ, Ден Харди, верува дека поранешниот шампион на УФЦ, Френсис Нгану, ќе потпише со ПФЛ (Лига на професионални борци).
На почетокот на овој месец, промоцијата објави дека Ден Харди ќе биде шеф на боречките операции за европската дивизија, наречена ПФЛ Европа. Како што беше потврдено во соопштението за печатот, Харди ќе ја надгледува „благосостојбата и развојот на борците“. Харди ќе биде вклучен и во преносите на ПФЛ Европа како експерт аналитичар.
„Френсис Нгану наскоро ќе ни се придружи и ќе се бори за титулата. Знам дека ќе дојде. Само знам, само го чувствувам. Неговите барања од УФЦ се токму она што го нуди ПФЛ. Така што се што побара од УФЦ овде е веќе на маса. Можеме да го направиме тоа за него, тој ќе биде среќен“, рече Харди.
Нгану одби да го продолжи договорот со УФЦ бидејќи не му беше дозволено да боксира.