Френсис Нгану: Ќе го нокаутирам Сирил Гане

Френсис Нгану верува дека ќе може да се справи со Сирил Ганe. Тие ќе ги обедунуваат титулите во тешка категорија. Нивната средба ќе биде главна на настанот УФЦ 270 на 22 јануари 2022 година во Калифорнија.

Нгану ја држи неприкосновената титула, а Гане е привремен шампион. Меѓу нив има историја бидејќи се поранешни соборци. Нгану и Гане тренираа во иста сала со Фернанд Лопез во Париз. Дури и спарингуваа.

Пред неколку години Френсис ги раскина односите со Лопез, кој остана тренер на Гане. Сирил е непоразен и важи за еден од најтехничарите во тешка категорија. Нгану е познат по својата брутална моќ и ќе се потпре на неа.

„Не можам да замислам дека овој меч со Сирил Гане ќе продолжи додека не одлучат судиите. Ќе го нокаутирам Гане. Сакам само да излезам и да го нокаутирам овој човек. Во одреден момент тоа ќе се случи.

Се обидувам да ги наведам сите можни сценарија. Можам да замислам што ќе се случи во првата, во втората рунда и што ќе биде потоа. А јас разбирам дека нокаутот ќе дојде“, изјави Нгану за битката со Гане.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON