Камерунскиот боксер Френсис Нгану го исполни својот сон, се бореше (и загуби) против двајцата големи боксери во тешка категорија Тајсон Фјури и Ентони Џошуа, но повеќе не сака да ја брка титулата во рингот.
По излетот во боксот Нгану се враќа на ММА борбите и за за 19 октомври го договори деби мечот во ПФЛ против бразилскиот шампион Ренан Фереира.
Поранешниот шампион на УФЦ го имаше првиот боксерски меч минатата година кога загуби со поделена одлука против Карлот на Ромите, а во март беше нокаутиран во втората рунда од Ентони Џошуа.
Иако ја имаше привилегијата да се бори со двајца големи тешкаши, Нгану (0-2) нема намера уште некое време да се врати во боксот.
„Тоа никогаш не ми беше цел во животот“, изјави неодамна Френсис Нгану, а потоа додаде:
„Бев свесен за ситуацијата. Мојата прва боксерска борба беше пред неполна година и тогаш имав веќе 37 години. Не можете да очекувате да започнете да градите кариера во боречки спорт како боксот на таа возраст“.
Предаторот го напушти УФЦ на почетокот на минатата година и за картко време потпиша за ПФЛ. Нгану ја напушти најголемата светска ММА организација поради спорови со договорите, но признава дека финансиски изгледал многу подобро отколку до тој момент.
„Знаев дека со новиот договор ќе бидам подобро платен за секоја борба и ќе заработам повеќе отколку во целата моја ММА кариера. Оставив многу пари на маса за да бидам слободен. Во суштина, ја купив мојата слобода“, рече Френсис Нгану и додаде:
„Во мојот случај слободата не беше бесплатна. Морав да дадам нешто за да го добијам. Кога одбив да го потпишам договорот, се откажав од многу пари“.