Френсис Нгану: Излегувам на средба со Фјури во 2023-та во Африка

Френсис Нгану е инспириран да се бори со Тајсон Фјури.

Минатиот викенд во Лондон, Нгану го гледаше Фјури како го нокаутира Дилиен Вајт и ја одбрани титулата во тешка категорија. Шампионот на УФЦ во тешка категорија влезе во рингот на Фјури и се договорија за дуел. Во последната година Фјури и Нгану не престануваат да се предизвикуваат еден со друг.

Нгану моментално се опоравува од операцијата на коленото. Тој има договор со УФЦ до крајот на 2022 година. Ако Нгану остане во УФЦ, тогаш ќе му треба благословот на Дана Вајт, за да се бори со Фјури. Френсис исто така ќе мора да даде процент од заработката на УФЦ.

Има голема неизвесност за Нгану, но тој е категоричен дека ќе се бори со Фјури во Африка.

„Фјури против Нгану дефинитивно ќе се случи во одреден момент во 2023 година. До крајот на годината ќе ги решиме работите и ќе има јасност. Подготвен сум.

Тајсон Фјури против Френсис Нгану во Африка ќе биде најдобар. Тоа ќе биде „Rumble in the Jungle 2““, рече Предаторот за Фјури и нивната битка.

Фјури веќе објави дека се повлекува од боксот. Ако има таква битка, ќе биде ревијална.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО