Веројатно ретко кој предвидуваше дека кариерата на поранешниот голем шампион, Израел Адесања ќе оди во овој правец. Адесања го претрпе третиот пораз во низа, а четврти во последните пет настапи минатиот викенд во Саудиска Арабија, а негов „убиец“ овојпат беше Насурдин Имамов.
Славеше Имамов со нокаут во втората рунда, со што го собори поранешниот крал во средна категорија, а ваквите порази се нешто што веќе дефинитивно не му требаат на Адесања. Тој неодамна изјави дека неговото наследство нема да биде извалкано и да ги загуби следните десет натпревари, но сепак тоа е нешто со што е многу тешко да се согласи.
Многумина се уште се тажни што ја гледаат Адесања во ваква состојба, а порака за поддршка му испрати и неговиот голем пријател и колега Френсис Нгану. Френсис испрати кратка, но многу убава порака до својот пријател на неговиот X профил:
Unforgiving sport. Champ one day, champ forever. @stylebender, we love you, man, and will always stand by your side. ❤️
Congrats to @imavov1 for his amazing performance.#wakanda4ever pic.twitter.com/8aHN54Vmiu
— Francis Ngannou (@francis_ngannou) February 1, 2025
„Спорт кој не простува. Шампион за еден ден, шампион засекогаш. Израел Адесања, те сакам човеку, и секогаш ќе стојам покрај тебе. Честитки до Имамов за одличниот настап“, напиша Нгану.
Иднината на Израел Адесања се уште е неизвесна. Иако не се пензионираше таа вечер по тешкиот пораз од Имавов, прашање е што уште му преостанува да прави во кафезот на УФЦ. Со овој пораз тој стави крај на претстојниот предизвик за титулата, а со три последователни порази неговата самодоверба дефинитивно не е онаму каде што беше некогаш.
Сега полека влегува во неговите подоцнежни борбени години и ќе му биде се потешко да се носи со најсилната конкуренција во светот во неговиот спорт, па добро прашање е што е следно за него.