Френсис Нгану го предизвика Џон Џонс

Френсис Нгану верува дека најголемата борба во тешка категорија во ММА би била неговата борба против Џон Џонс.

„Коски“ постојано се бранеше од критиките на навивачите на социјалните мрежи. Во ноември оваа година Џон се врати во октагонот на УФЦ. На УФЦ 309 во Њујорк со нокаут го победи поранешниот шампион Стипе Миочиќ. Многу фанови бараа противник на Џонс да биде привремениот шампион во кралската дивизија Том Аспинал.

Меѓутоа, организацијата одлучила поинаку. По победата против Миочиќ, Џонс посочи дека не знае дали ќе се согласи да се бори со помладиот Англичанец, а неговиот однос беше критикуван од навивачите. Нгану се вклучи во дискусијата на социјалните мрежи, објаснувајќи му на Џон дека треба да се бори со него наместо со Аспинал.

„Да се ​​биде благословен, мразителите се чувствуваат непријатно, но ништо не можат да направат во врска со тоа. Има само една битка, вистинската битка, која ќе ги умножи вашите благослови. Таа битка е Нгану против Џонс“, напиша Нгану.

Се зборуваше за прсметка меѓу нив кога Френсис беше во УФЦ, но тој подоцна ги напушти редовите на УФЦ. Френсис влезе во бокс, а потоа потпиша со ПФЛ. Дана Вајт сè уште е бесен на Нгану и рече дека тој е ужасна личност со која никогаш повеќе нема да соработува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MMA Pros Pick (@mma.pros.pick)

Од друга страна, од УФЦ истакнаа дека Џонс има две опции – да се бори со Аспинал или да се пензионира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО