Френсис Нгану го нокаутира Ренан Фереира во првата рунда, Крис Киборг ја победи Лариса Пачеко

Камерунскиот удирач Френсис Нгану се врати во октагонот со убедлив настап. Во главната борба на настанот ПФЛ наречена „Битката на великаните“ во салата Мајадин во Ријад, со нокаут во првата рунда го победи Бразилецот Ренан Фереира.

Предаторот ја освои титулата на ПФЛ во тешка категорија со триумф во супер борба.

По една минута Нгану го собори Фереира и зазеде горна позиција и успешно се бранеше две минути.

Но потоа почнаа жестоките удари на кои Бразилецот немаше одговор, а судијата го прекина мечот.

Крис Киборг и Лариса Пачеко им понудија на гледачите вистинска војна во октагонот во бразилската пресметка во перо категорија.

По одличните пет рунди во кои светкаа удари и со раце и со нозе од двете страни, поуспешна беше Крис Киборг.

Шампионката на Белатор се здоби со исеченици над двете очи, но тоа не ја спречи на пат кон друг појас.

Крис Киборг со едногласна одлука на судиите ја победи Лариса Пачеко и во супер борба ја освои титулата шампион на ПФЛ.

Тоа беше нејзина 28-ма победа во кариерата и осма по ред.

Непоразениот Џони Еблен ја продолжи победничката серија, а во реваншот го одбрани појасот на Белатор во средна категорија против Англичанецот Фабијан Едвардс.

Помладиот брат на Леон Едвардс, поранешниот шампион во полусредна категорија на УФЦ, не можеше да му возврати на големиот Американец, кој со едногласна одлука на судиите оствари нов триумф.

Тоа беше 16-та победа во кариерата на Еблен.

На отворањето на главната програма Ирецот Пол Хјуз со поделена одлука го победи Американецот А.Џ.Мекки, додека Зафар Мохсен со едногласна одлука беше подобар од Хусеин Кадимагомаев.

Резултати од настанот „Битката на великаните“ на ПФЛ:

Френсис Нгану – Ренан Фереира – КО (удари), Р1 (3:32)
Крис Киборг – Лариса Пачеко – едногласна одлука (49–46, 49–46, 49–46)
Џони Еблен (в) – Фабијан Едвардс – едногласна одлука (48–47, 48–47, 48–47)
Зафар Мохсен – Хусеин Кадимагомаев – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Пол Хјуз – A. J. McKee – поделена одлука (28–29, 29–28, 29–28)

Воведни борби:
Рауфеон Стотс – Маркос Брено – завршница (гушење од позади), Р3 (3:01)
Маккашарип Зајнуков – Дедрек Сандерс – едногласна одлука (30–26, 30–26, 30–26)
Ибрагим Ибрагимов – Начо Кампос – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Таха Бендауд – Тарик Исмаил – завршница (давење со триаголник), Р2 (3:51)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО