Камерунскиот удирач Френсис Нгану (35) во јануари прв пат ја одбрани титулата во тешка категорија на УФЦ.
Успешен беше Предатор, кој со едногласна одлука на судиите го победи поранешниот клупски колега Французинот Сирил Гане.
Со таа победа автоматски го продолжи договорот на три натпревари или една година.
По борбата Нгану откри дека бил повреден во пресрет на судирот, па мораше да оди на операција на коленото.
Тој беше опериран во март и сега го чека малку подолго закрепнување.
Камерунецот во меѓувреме ќе се обиде да се договори со УФЦ за продолжување на договорот, што треба да му даде можност да боксира, но и да добие поголема плата.
Нгану не крие дека сака да боксува против шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури.
И додека сите го чекаат следниот потег на Френсис, во УФЦ размислуваат за меч за привремениот шампионски појас.
Главни кандидати за борбата се Стипе Миочиќ и Џон Џонс.
Неодамна, еден фан на Нгану на Твитер праша дали ќе се врати на борбите, а Предаторот одговори:
„Брат, само што почнувам! Имам уште најмалку пет години да освојам се“.
I'm just getting started bro ! I have at least 5 more years to conquer everything. #3KINGS https://t.co/M6zWnPJkhF
— Francis Ngannou (@francis_ngannou) June 7, 2022