Френсис Нгану продолжува да ги бара најголемите предизвици.
Тој сфаќа дека кога станува збор за потенцијалните противници како Дионтеј Вајлдер или Ентони Џошуа, тој или мора да се натпреварува во бокс или да се согласи на мешани правила за борбата да биде фер. И покрај неговата предност за реванш со Тајсон Фјури, Нгану има други опции по дебито во професионалниот бокс.
И покрај тоа што загуби со поделена одлука од Фјури во октомври, тој одеднаш стана атрактивен противник за многу врвни боксери, вклучувајќи го и Џошуа, кој вети дека ќе го нокаутира поранешниот шампион на УФЦ доколку некогаш се сретнат.
Сега Нгану е подготвен за Џошуа и Вајлдер, а правилата на борбите се неважни за Камерунецот.
„Толку долго сум во овој спорт. Видов и слушнав толку многу за тоа што луѓето планираат да направат. Има разлика меѓу тоа да сакаш да правиш и да можеш да правиш.
Подготвен сум да се борам со Џошуа. Не ми пречат правилата. Можеме да се бориме во кафез или во ринг. Доброто е што можам да се борам со него и во двата спорта. Мојата комфорна зона ќе биде октагонот, но одам во рингот и ги ставам во тешка позиција.
Уште пред оваа борба со Тајсон, разговаравме со Дионтеј Вајлдер. Тој исто така е подготвен да се бори со мене во ММА. Навистина е подготвен “, рече Нгану на подкастот на Клуб Шеј Шеј.