Шампионот на Професионалната боречка лига (ПФЛ) во тешка категорија Френсис Нгану изјави дека би сакал да се бори со противник како Русинот Вадим Немков.
Во октомври 2024 година „Предаторот“ го победи Бразилецот Ренан Фереира во првата борба во Професионалната боречка лига (ПФЛ) и стана шампион на промоцијата. Претходно одржа две боксерски борби и загуби од Британецот Тајсон Фјури во октомври 2023 година и Ентони Џошуа во март 2024 година.
Зборувајќи за неговата идна кариера во мешани боречки вештини, камерунската ѕвезда рече дека му треба „предизвик“:
„Би сакал следната борба да ја водам според боксерските правила. Која ќе биде мојата следна ММА борба? Ми треба предизвик. Пресметка со борец како Вадим Немков. Мислам дека тоа е само прашање на време. Има интересни опции во ПФЛ. Ќе бидам подготвен за секоја борба што може да ми се случи“, рече Нгану.
Немков има 19 победи и 2 порази во мешаните боречки вештини, а една од неговите борби е прогласена за неодржана. Во јануари го победи Американецот Тимоти Џонсон на турнирот во ПФЛ. Френсис има професионален скор од 18 победи и 3 порази. Тој го напушти УФЦ како шампион поради несогласувања околу новиот договор.
View this post on Instagram