Френсис Нгану е подготвен да се бори со Стипе Миочиќ.
Џон Џонс и Миочиќ требаше да се борат во ноември на УФЦ 295 во Њујорк. За жал, нивната борба пропадна откако Џонс го скина пекторалниот мускул. Ова го принуди УФЦ да создаде привремена титула за која ќе се борат Сергеј Павлович и Том Аспинал. Џонс ќе закрепнува најмалку 6 месеци, а Миочиќ е принуден да го чека.
Френсис рече дека сака да се бори со Џонс, но не би имал ништо против да се бори и со Миочиќ. Двајцата во минатото се бореа двапати, разменија по 1 победа. Трилогијата меѓу нив има смисла, но Миочиќ е во УФЦ, а Нгану е во ПФЛ, па нема шанси таа борба да се случи. Нгану неодамна го имаше своето деби во боксот и загуби од Тајсон Фјури.
Нгану планира да се бори во ММА, а потоа да се врати во боксот. Се уште не е познато кој ќе го пречека во ПФЛ.
Francis Ngannou would happily fight Stipe Miocic whilst waiting for Jon Jones to return 👊💥#Ngannou #FrancisNgannou #UFC #MMA pic.twitter.com/gdGsQS97n1
— MMA Knockout (@UFCKnockout) October 30, 2023