Френсис Нгану договори ММА меч против Ренан Фереира

Поранешниот шампион на УФЦ, Френсис Нгану, ја договори првата борба за новата ММА промоција.

Камерунскиот тешкаш ќе настапи на 19 октомври на големата ПФЛ манифестација, а противник ќе му биде Бразилецот Ренан Фереира.

Нгану нема ММА борба од јануари 2022 година, кога на УФЦ 270 со едногласна одлука го победи Французинот Сирил Гане и ја одбрани титулата шампион во тешка категорија.

После тоа, го напушти УФЦ и потпиша за ПФЛ, но во меѓувреме одржа два боксерски меча против Тајсон Фјури и Ентони Џошуа.

Последната борба на Фереира беше во февруари на настанот на ПФЛ против Белатор, каде што го победи Рајан Бадер за 21 секунда.

Минатата година ја освои титулата шампион на ПФЛ во тешка категорија победувајќи го Денис Голцов во втората рунда.

Ќе дебитира и Крис Киборг, а во борбата за титулата ќе се соочи со Лариса Пачеко.

https://twitter.com/PFLMMA/status/1821171350330814630

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON