На крајот на октомври минатата година Френсис Нгану го направи дебито во боксерскиот ринг. Поранешниот шампион во тешка категорија во УФЦ ги одмери силите со Тајсон Фјури и, без оглед на поразот, остави многу добар впечаток.
Камерунецот ги воодушеви љубителите на боксот во натпревар што му донесе најдобра заработка во кариерата. Нгану ја зголеми својата сметка за повеќе од десет милиони евра, што е најмалку 15 пати повеќе отколку што знаеше да заработи пари во УФЦ.
Тренерот на Френсис, Ерик Никсик, шеф на салата „Икстрем Кутур“ во Невада и еден од најуспешните ММА тренери откри дека камерунскиот удирач поштено му се оддолжил и го наградил со прилична сума пари.
„Ова беше најголемата сума што некогаш сум ја добил од борец. Тоа беше неверојатно. Добив многу повеќе отколку што очекував. Се разбира, Френсис секогаш се грижеше многу за мене, но ова ме собори“, рече Ерик Никсик, додавајќи:
„Кога ја отворив сметката тоа утро, плачев. Вистина е. Тој ме донесе до солзи затоа што ми го промени животот. Не само професионално, туку и финансиски“.
Нема сомнение дека Нгану пушти рака во неговиот паричник и дел од профитот од мечот против Фјури го подели на тренерот и другите членови на тимот кои му помагаат во неговата кариера.
„Тој ми дозволи финансиска слобода, да уживам како тренер. Уживам да бидам татко и сопруг, тој ни помогна да купиме нов автомобил. Многу работи се променија откако Френсис реши да се бори. Многу се грижи за членовите на неговиот тим. Нè сака сите нас, а и знае како да го покаже тоа“, рече Ерик Никсик.
Eric Nicksick says he was brought to tears by Francis Ngannou giving him huge paycheck after Tyson Fury fight pic.twitter.com/d3p7gdBHt9
— calfkicker (@calfkickercom) January 1, 2024