Френсис Нгану: 2024 година беше најлошата во мојот живот

2024 година беше година полна со неуспеси за поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија, Френсис Нгану.

Во април го загуби 15-месечениот син Коби од мозочно заболување. Трагичниот настан се случи само неколку недели по тешкиот пораз со нокаут. Тоа се случи кога Френсис се бореше со Ентони Џошуа во март на неговото враќање во професионалниот бокс. Претходно беше поразен со одлука на судиите од Тајсон Фјури кон крајот на 2023 година.

Покрај личните загуби и професионалните порази, Нгану најде и моменти на триумф. Тој ја заврши годината со импресивна победа во дебито за ПФЛ, победувајќи го за неколку минутио шампионот од 2023 година Ренан Фереира. И додека Нгану заработи 30 милиони во тие 2 борби со Џошуа и Фереира, тие пари не можат да ја утешат загубата на Коби.

Френсис на социјалните мрежи сподели дека изминатата година му била најлошата во животот:

„Едвај чекам да заврши оваа година. Ова беше мојата најлоша година досега“, напиша тој.

Многу луѓе сонуваат да се збогатат и ги запоставуваат своите сакани во потрага по пари. Овде, Нгану има милиони, но му недостасува синот што го изгуби. Да учиме од него и да ги цениме нашите најблиски. Тие секогаш треба да се на прво место, а потоа да не интересираат парите. Ви посакуваме успешна 2025 година.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО