Британскиот промотер Френк Ворен е во светот на боксот од 1980 година и повеќе од четири децении им помогна на многу борци да создадат кариера.
Седумдесет и двегодишниот Ворен се уште е еден од главните играчи во промоцијата на боксерските борби и во својата организација има неколку импресивни борци, меѓу кои е до неодамна шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури.
Во моментов има многу талентирани боксери на светската сцена, а првиот човек на Квинсбери верува дека шампионот на ВБА во перо категорија Ник Бол е еден од највозбудливите борци во светот.
„Бол е највозбудливиот борец во моментов. Со оглед на количината на удари и непрекината акција. И се е на дело“, рече Френк Ворен, а потоа продолжи:
„Напаѓа од првиот удар во гонгот, цело време е на противникот и погодува, а и добро се брани. Немојте да мислите дека тој е борец кој само оди напред и удира. Ник е многу паметен боксер и многу возбудлив. Чудо е да се гледа“.
Ник Бол ја прави својата прва одбрана на титулата на 5 октомври во неговиот роден град Ливерпул против Рони Риос.