Британскиот боксер Тајсон Фјури на 21 декември ќе се обиде да му се реваншира на Украинецот Aлександaр Усик за поразот што го претрпе пред шест месеци во мечот за апсолутeн шампион во тешка категорија во Ријад aрената.
Овој пат нема сите појаси да бидат на маса. Усик ќе ги брани шампионските појаси на ВБА (Супер), ВБО и ВБЦ во тешка категорија против Кралот на Циганите.
Во мај, Украинецот го победи Фјури со поделена одлука за обединување на титулите, а потоа го ослободи појасот на ИБФ, кој моментално е во сопственост на Даниел Дубоа.
Атмосферата во пресрет на првиот меч беше доста тензична, а дополнително ја вжешти инцидентот во кој учествуваше таткото на Фјури, Џон, кога со глава удри член од опкружувањето на Усик, при што тој искрвари до смрт.
Сопственикот на Квинсбери и промоторот на Тајсон, Френк Ворен, вети дека тоа нема да се повтори и се ќе помине без лудории од тимот на Фјури пред реваншот со Усик.
„Тоа нема да се случи. На оваа борба ни тоа не и треба. Имаме голем меч меѓу двајцата најдобри тешкаши во 21 век“, рече Френк Ворен и додаде:
„Последната борба беше величествена, а оваа ќе биде таква, секој што знае нешто за боксот ќе ја гледа својата борба на 21 декември. Пред нас е уште една прекрасна борба во која Фјури ќе победи. Тој ќе го запре Усик“.