Френк Ворен тврди дека Фјури нема да боксира со Усик годинава: Тежок беше мечот против Нгану

Тајсон Фјури по големата победа над Франсис Нгану во битката на тешкашите го очекува „борба на векот“ против Александар Усик за обединување на титулата во тешката категорија, нешто што не се случило од 1999 година.

Борбата на Британецот и Украинецот ќе се одржи во Саудиска Арабија, но засега не е познат точниот датум. А, според последната изјава на промотерот на Фјури, Френк Ворен тоа нема да биде во 2023 година бидјеќи на Фјури му е потребен одмор.

„Мечот беше потежок отколку што очекував, но беше возбудлив. Нгану се бореше навистина добро, тој е силен и тврд човек. Им кажав на сите што мислеа дека тоа ќе биде формалност што никогаш не се знае, особено кога има двајца големи борци во рингот. Френсис немаше што да изгуби и многу да добие. Беше потешка борба отколку против Чисора и Вајт“, рече Френк Ворен и додаде:

„Фјури продолжи во тоа што го прави најдобро – дојде до победа. Оваа борба е сега зад нас, а гледаме на иднината. Договорена е борба со Усик, а се надевам дека кога Тајсон ќе биде подготвен ќе имаме и датум. Нема да биде во декември бидејќи тој не е подготвен. Пет, шест недели не е доволно. Борбата со Нгану беше тешка ќе му треба време за рехабилитација“, изјави Ворен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON