Френк Ворен објасни зошто борбата меѓу Дубоа и Џошуа ќе биде нешто посебно

Даниел Дубоа ќе ја брани титулата на ИБФ во тешка категорија против двократниот светски шампион Ентони Џошуа на „Вембли“ на 21 септември, а шефот на Квинсбери, Френк Ворен, верува дека борбата ќе биде шлаг на тортата на големото ривалство меѓу неговата промоција и Мечрум на Херн.

Имено, Дубоа го победи најдобриот хрватски боксер Филип Хрговиќ пред два ипол месеци на настанот „5 на 5“, каде боксерите на Квинсбери го збришаа тимот на Мечрум.

Во тој меч Даниел го освои привремениот шампионски појас на ИБФ, кој го замени со вистинска титула неколку недели откако Усик ја ослободи титулата.

Најверојатно победникот од мечот Дубоа-Џошуа ќе се бори против подобриот од реваншот меѓу Усик и Фјури, кој ќе боксира на крајот на годината.

„Џошуа ќе се обиде да го среди нашиот борец, но тоа е бокс. Дополнително се ќе зачиниме“, изјави Френк Ворен, кој се надева дека дополнителниот притисок ќе му донесе уште поголемо значење на овој голем настан:

„Тоа е голема борба на сите нивоа. Има толку многу на коцка за секого, тоа е она што сите го сакаме и она кон што сите се стремиме. Се создаде сериозна конкуренција и верувам дека ќе биде возбудлива, не се сомневам во тоа“’.

Првиот човек на Квинсбери истакнува дека кога британските боксери се борат на Островот, тие секогаш ги надминуваат своите граници.

„Овие двајца се двајцата најголеми тешки напаѓачи од четирите најдобри тешкаши во светот, тоа ќе биде брилијантна борба“, рече Френк Ворен и додаде:

„Даниел е новокрунисаниот шампион на ИБФ откако во Ријад во голем стил го совлада Хрговиќ. Ова ќе биде негова прва одбрана на титулата и решен е да биде успешен во тоа. Тоа ќе биде шлаг на тортата на победата на Квинсбери против Мечрум“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО