Тајсон Фјури и Aлександар Усик конечно се договорија и сега сме уште поблиску до нетрпеливо очекуваниот судир во тешка категорија. Ова ќе се случи наскоро – изјави промоторот Френк Ворен.
Џипси Кинг го победи Дiонтеј Вајлдер во февруари 2020 година и го освои шампионскиот појас на ВБЦ.
Потоа трипати ја бранеше титулата, лани во трилогија против Вајлдер, а годинава во пресметка со Дилиeн Вајт и Дерек Чисора.
Aлександaр Усик го победи Ентони Џошуа минатата година и му ги одзеде шампионските појаси на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО. Украинецот беше поуспешен во реваншот кој се одржа во август.
На неодамнешниот настан во Лондон Фјури го прозва Усик, кој го следеше натпреварот од првиот ред, по неговата победа над Чисора.
Уште тогаш беше јасно дека нивната пресметка за обединување на титулите е се поблиску, а тоа го повторуваа промоторите од двата тима во последните недели.
Ворен истакнува дека веќе нема никакви пречки кои би го попречиле финализирањето на преговорите, а потврдил дека мечот најверојатно ќе се одржи на почетокот на март.
На Фјури и Усик им остануваат само два месеци да се подготват.
Љубителите на боксот со нетрпение ја чекаат конечната потврда и со нетрпение го очекуваат мечот за апсолутниот шампион во тешка категорија.
Фјури и Усик се уште немаат изгубено ниту една борба во текот на нивните кариери.
„Одиме во добра насока, договорите се веќе подготвени. Сосема сум уверен дека наскоро ќе завршиме се, но потписите се уште недостигаат“, додаде Френк Ворен.
Борбата најверојатно би можела да се одржи во Саудиска Арабија на почетокот на март.