Френк Ворен, еден од најуспешните боксерски промотери во светот, имаше импресивна година во 2024 година, постигнувајќи успех со своите борци од Квинсбери промомоцијата.
Една од големите борби што Ворен сака да ја организира е реваншот меѓу Даниел Дубоа и Александар Усик. Промоторот е категоричен дека оваа борба не само што ќе му овозможи на неговиот борец да се рехабилитира, туку ќе биде и еден од најочекуваните настани во тешка категорија.
Друга борба која го привлече вниманието на Ворен е потенцијалниот судир меѓу Наоја Инуе и Ник Бол. Јапонецот важи за еден од најдобрите боксери во светот, а Ник Бол забрзано се искачува во пониските категории. Според Ворен, ваквата средба би била историска и би го зацврстила местото на Бол меѓу светската боксерска елита.
Третата борба што Ворен сака да ја организира е помеѓу Ентони Јарде и Џошуа Буатси. Ова е една од најочекуваните борби на британската сцена, при што и двајцата боксери се меѓу водечките имиња во полутешка категорија.
По исклучително успешната 2024 година, во која Ворен оркестрира историски настани, вклучително и победата на Квинсбери промоцијата од 5-0 над Мечрум на Еди Херн, тој продолжува да се стреми кон уште поголеми достигнувања. Под негово водство, боксерите како Ник Бол, Даниел Дубоа и Хамза Шираз постигнаа значителен успех, истовремено зацврстувајќи ја репутацијата на Квинсбери како еден од водечките играчи во боксерската индустрија.