Френк Ворен ги избра петте најдобри боксери на сите времиња, а на прво место е Мухамед Али

Боксерскиот промотор Френк Ворен долго време се занимава со овој спорт, а се грижеше за кариерата на многу големи боксери, меѓу кои Насем Хамед, Рики Хатон и Тајсон Фјури.

Со боксот се поврзува неколку децении и секако е добро упатен во се што се случуваше уште пред да стане еден од главните светски промотори.

Во едно неодамнешно интервју Френк Ворен откри кои според него се петте најдобри борци на сите времиња.

На прво место го стави Мухамед Али, суперѕвезда во тешка категорија (56-5, 37 КО) кој се бореше со сите во златната ера на категоријата, 1960-тите и 1970-тите.

Тој освои златен медал на Олимписките игри во Рим во 1960 година.

Втор е Шугар Реј Леонард (36-3-1, 25 КО), а потоа следи неговиот истоименик Шугар Реј Робинсон, кого многумина го сметаат за најголем борец на сите времиња.

Робинсон боксираше од 1940 до 1965 година и за тоа време забележа 174 победи (109 нокаути) и имаше шест нерешени, 19 порази и две откажани борби.

Тој го делеше рингот со многу големи имиња додека освојуваше светски титули во повеќе тежински категории.

А Леонард во текот на кариерата имаше големи ривалства против Роберт Дуран, Томас Хернс и Марвин Хаглер, а во 1976 година освои злато на Олимписките игри во Монтреал.

Најдобрите пет на Ворен ги заокружуваат Лери Холмс (69-6, 44 КО) и Карлос Монзон (87-3-9. 59 КО, 1 НЦ).

Петте најдобри борци на Френк Ворен на сите времиња:

Мухамед Али
Шугар Реј Леонард
Шугар Реј Робинсон
Лери Холмс
Карлос Монзон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО