Долгоочекуваниот меч меѓу двајцата големи британски тешкаши Тајсон Фјури и Ентони Џошуа конечно би можел да се одржи во 2025 година, а извршниот директор на „Мечрум“, Френк Смит, смета дека ако борбата не се случи оваа година, тогаш таа никогаш нема да се случи.
И, ако нивната „Битката за Британија“ беше договорена во 2021 година, како што беше планирано, тој меч ќе беше за неприкосновениот светски шампион во тешка категорија, Еј Џеј ги имаше појасите ВБА, ИБФ и ВБО, додека Џипси Кинг беше шампион на ВБЦ. .
Тие веќе немаат појаси во нивна сопственост, а го загубија последниот меч. Александар Усик лани двапати го победи Фјури, а Даниел Дубоа го совлада Џошуа со нокаут во петтата рунда во септември.
Поранешните шампиони ги претрпеа најголемите порази во кариерата, а сега можат слободно да се договорат за пресметка меѓу себе, а преговорите најверојатно нема да заглават околу распределбата на хонорарите.
Френк Смит верува дека е зрело време оваа година да се одржи долгоочекуваната средба.
„Борбата Џошуа – Фјури е секогаш одлична без разлика кој победува, губи или ремизира. Што и да се случи, тоа е голем настан за спортот. А Еј Џеј сака најголеми борби“, изјави Френк Смит, а потоа додаде:
„Усик требаше да биде фаворит против Фјури по првата борба. И овој пат заслужи да победи и мислам дека сега е многу, многу поубедлив. Но мечот меѓу Џошуа и Фјури е исто така голем без разлика како ќе заврши. Колку пати сме кажале дека оваа борба мора да се случи? До сега ја немаше и ние сме виновни. Но, верувам дека ова е година кога ќе го видиме тој меч. Сега или никогаш. Ако не се случи оваа година, тогаш нема да се случи. Но, чувствувам дека ќе ја видиме. Тоа е огромна борба. Се најавуваше со години и сега е време. Ќе ги срушат сите рекорди“…