По втор пат оваа година во рингот ќе се сретнат големите тешкаши Фрејзер Кларк и Фабио Вардли.
Имено, двајцата Британци договориле борба за 12 октомври во Саудиска Арабија на настан кој ќе биде на чело на борбата за апсолутен шампион во полутешка категорија меѓу Артур Бетербиев и Дмитри Бивол.
А борбата меѓу Кларк и Вардли која се одржа на почетокот на април заврши нерешено, а многумина веднаш помислија на реванш, што сега е потврдено.
„Мечот е договорен“, рече Фрејзер Кларк, а потоа продолжи:
„Сега сум многу поискусен и полн со самодоверба. Сакам да одам таму и да ја завршам работата, а тоа е да го нокаутирам Фабио Вардли“.
Победникот од мечот може да се надева дека наскоро ќе добие шанса да се испроба во голема борба.
Настанот во октомври ќе го предводи пресметката меѓу Артур Бетербиев и Дмитри Бивол, а на програмата би требало да бидат и натпреварите меѓу Шакур Стивенсон – Џо Кордина, Крис Јубенк Јуниор. – Ќамил Шеремета…