Фреди Роуч: Ме повикаа да го тренирам Конор Мек Грегор

freddie roach vo agolot na Pakijao

Славниот боксерски тренер, Фреди Роуч, вели дека добил покана да го тренира Конор Мек Грегор.

Последниве денови кружи приказна за можниот бокс меч помеѓу Флојд Мејведер и Ирецот, иако не постои образложение дека Американските спортска комисија ќе го одобри. Самиот Мејведер изјави дека гласините веројатно потекнува од него, а веројатно се работи за игра во очи на неговото враќање, бидејќи УФЦ со години го привлекува вниманието со неговото име.

Роуч вели дека кога го контактирал тимот на Мек Грегор не се споменувал мечот со „Мани“. Американецот (56 г.) е заинтересиран и го повика Ирецот во Вајлд кард боксерскиот клуб во Лос Анџелес.

„Немаше никаков разговор за Мејведер, само за тоа ли би го тренирал. Ме прашаа дали сакам да го тренирам и реков: Да, донесете го. Би сакал да го видам, да го запознам и да видам што има. Се чини дека е добар човек“.

Роуч меѓу редови рече ако случајно дојде со мечот со Мејведер дека тој не може многу да помогне.

„Не знам дали може да го подготвам за тоа, јас дури и не знам на кое ниво е сега. Не можам да кажам без прво да работам со него. Се чини како добар кикбоксер. Тоа е се што видов од него. Но, како боксер, никогаш не сум видел како боксира“.

Роуч има искуство во работата со ММА борците. Го тренираше еден од најголемите, Жорж Сент Пјер.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON