На вечерашново мерење во Велес за Фајт најт чемпион 3 имаше искрење меѓу натпревареувачите, па тренерите како и промоторот Хрвое Зноар и организаторот раде Стефановски регаираа да ги смират страстите за утрешните борби. Но, не додје до некоја потешка ситуација.
Само Тоше Цветков имаше проблеми со килограмите, па остана да ја среди килажата на потребното ниво.
„Имаме добар фајт кард, односно најдобрите борци од Македонија и регионот. Се надевам дека ќе ги оправдаме очекувањата“, рече промоторот Зноар на прес-конфернцијата.
Еден од најдобрите хрватски борци, но и во регионот, Тео Рданиќ, изјави дека очекува да прикаже добра борба и дека можеби ова е последна борба во категоријата до 93 килограми, затоа што има намера да се бори во пониска.
„Ми претставува чест што сум во главната борба на вечерта. Се надевам дека нема да ги разочараме велешани“, истакна Илија Андов.
Фајт најт чемпион 3 Велес
Прелиминарни борби:
- Недрин Фејзовиќ (БиХ) – Филип Стефановски (МКД), -68 кг
- Ален Капиќ (СЛО) – Иван Милошев (МКД), -72 кг
- Гретел Вркиќ (ХРВ) – Марјан Марков (МКД), -70 кг
Главни борби:
- Едо Чаврк (ХРВ) – Тоше Цветков (MКД) -84 кг
- Александар Затковски (МКД) – Анто Палавра (БиХ), -66 кг
- Дејан Стефановски (МКД) – Јасмин Вркшиќ (БиХ) -84 кг
- Александар Ракас (ХРВ) – Слаѓан Драгишиќ (СРБ) -77 кг
- Милош Дујчиновиќ (СРБ) – Тео Радниќ (ХРВ) -93 кг
- Ермин Хоџиќ (БиХ) – Иван Гарчевиќ (ЦГ) -84 кг
- Марјан Ангелески (МКД) – Иван Вичиќ (СРБ) + 93kg
- Дамир Кнего (ХРВ) – Милан Врбиќ (СРБ) 93 кг
- Христијан Граорски (МКД) – Петар Црмариќ (ХРВ) -66 кг
- Домагој Обрадовиќ (ХРВ) – Ненад Падори (СРБ) 93 кг
- Дејан Трајковски (МКД) – Веда Исламовиќ (БиХ) -77 кг
- Илија Андов (МКД) – Џевад Муфтиќ (БиХ) -66 кг
- Златко Петровски (МКД) – Арнес Мујезиновиќ (БиХ) -77 кг
ipon.mk/В.Д.