Супер-визорот на промоторската организација Најт фајт чемпион лигата (NFCL), Франо Жижиќ, за хрватските медиуми за ММА настанот во Велес рече:
„Успеавме уште еднаш, навидум, многу тешка задача и голема организација, досега најдобар турнир во NFCL серијата на турнири и е одработен лавовски дел од работата. Не радува што пред нас се серија на турнири кои, исто така, се надеваме, ќе бидат многу добри и посетени како овој во Македонија. Му благодариме на нашиот домаќин Раде за вложениот труид и на фанатикот Хрвое Знаор, без кого ова немаше да биде вака како што е. Уште еднаш благодарност до сите борци за одличните мечеви и на домашната публика за исклучителната атмосфера! Благодарам Велес, благодарам Македонијо“.
Заклучокот е дека покрај сите технички и останати проблеми кои ја пратеа предорганизацијата на турнирот, тандемот од ЏКК Ураган (Занор-Жижиќ), како носители на целиот проект со домаќинот Раде Стефановски сработиле голема работа и покажале дека овој проект и серија на турнири веќе сега има голема иднина.
ipon.mk/В.Д.