На 12-от Меѓународен турнир „Паландокен 2015“ што се одржува во Ерзурум, Турција, од 6 до 9 август, КК Форца освои пет медали: злато, сребро и три бронзи.
Златен медал освои Јусра Адеми (-40 кг) во борби, која до првото место дојде по исклучително добрите настапи. Абудрахим Идризи во кати за кадети мораше да се задоволи со сребрениот медал, бидејќи во финалето беше победен од актуелниот европски првак. Јасин Османи, Лиридон Демири, како и Јусра адеми во екипна конкуренција беа третопласирани.
На големиот турнир учествуваа 41 земја со повеќе од 1500 натпреварувачи, а екипата Форца настапи четири натпреварувачи.
ipon.mk/В.Д.