Екипата на КК Форца продолжува со успесите на регионланите турнири и најдостојно да го презентира македонското карате. На „Улцин опен 2015“ во Црна Гора каратистите од Форца освоија 29 медали, 13 златни, 8 сребрени и 8 бронзени.
Во вкупниот пласман екипата од Скопје е трета, зад Будуќност и Бар. Но, според тренерот Муарем Имери, тие се морални победници, бидејќи бројчано не можеле да се спротистават на домашните клубови. Тој е задоволен од резултатите, пред се, заради тоа што тие се остварени во голема конкуренција, односно 870 натпреварувачи од 10 земји или преку 1000 во категории.
Златни медали за КК Форца освоија: ката тимот (Јусра, Арта и Сухејла), Дурата Мемети, Арта Буши, Јусра Адеми, Абдурахим Идризи, Верона Ајдини, Зубејр Бајрами, Сухејла Исаки, Сухејб Весели.
ipon.mk/В. Д.