Формирана регионалната боксерска Супер лига, Вардар македонски претставник!

Goce Jane3ski zlaten gong]2015-11-14 14.13.48

На состанокот во Скопје во петокот претставниците боксерските федерации од поранешна Југославија дадоа согласност за формирање на регионална боксерска лига која ќе се вика „Супер лига“, а Македонија ќе ја претставува Вардар.

sostanok-za-boks-ligata-regionalna

„Нека е за аирлија! Формирана е и регионалната боксерска лига „СУПЕР ЛИГА“ во која во игра се најдобрите седум клуба од регионов…и тоа со три клуба Србија, два од Босна и Херцеговина и по еден од Хрватска и Македонија. Да, секако од Македонија носител на екипата е токму Боксерскиот клуб Пинк Пантер од Штип во соработка со БК Аперкат од Скопје и најдобрите боксери од нашата земја! Екипата ја нарековме „ВАРДАР“ и со гордост ќе ги браниме боите на Македонија и секако се стремиме да бидеме на врвот на табелата! БК „Пинк Пантер“ – нашата идеологија“, напиша на социјалните мрежи членот на Управниот одбор на Боксерската федерација на Македонија и прв човек на Пинк Пантер, Илија Младеновски.

odluka-za-formiranje-na-super-ligata-vo-boks

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON