Изгледа дека Конор Мек Грегор добива удари не само во кариерата во спортот, туку и во бизнисот.
Неговиот бренд, Forged Irish Stout, забележа загуби од повеќе од 9 милиони евра во 2023 година. Ова е голем финансиски удар за ирскиот ММА борец кој во последно време се почесто е актуелен со негативни акции. Неодамна беше прогласен за виновен за силување, што доведе до бојкот од голем број бизниси. Тој беше отстранет и како лик од играта Хитмен.
Работите не изгледаат добро за бизнисот на Мек Грегор. Forged Stout Distribution, компанијата која го дистрибуира неговото пиво, изгубила 5,2 милиони евра за 1 година. Одделот за производство не помина многу подобро со загуба од 3,05 милиони евра. Дури ни матичната компанија „Форгед Стоут Лтд“ не можеше да го избегне црвеното салдо, забележувајќи загуба од речиси 830.000 евра.
И тоа не е се. На крајот на 2023 г овие компании заедно имаа над 3 милиони евра неподмирени долгови. И како да не беа доволни финансиските загуби, големите синџири на супермаркети како Tesco, Supervalu и Musgraves исто така ги отстранија производите на Мек Грегор од своите продавници. Јасно е дека судењето сериозно го наруши имиџот на Мек Грегор.
Нема да биде лесно да се поправи ова, особено сега кога неговите деловни перформанси се исто така разочарувачки. Брендовите на Мек Грегор во голема мера се потпираат на неговата репутација, а сега тоа доби сериозен удар. Иднината на Конор Мек Грегор и во и надвор од рингот е загрозена.