Френсис Нгану се подготвува за борба со Каин Веласкез на 17 февруари.
Но, поранешниот предизвикувач за титулата во тешка категоријата на УФЦ не ја занемарува ниту добротворната работа во својот Камерун.
Преку неговата Фондација Френсис Нгану отвора сала во родниот Бати.
На официјалната веб-страница на фондацијата вели дека нејзината цел е да им помогне на децата од Камерун да стекнат вештини за да ги прошират своите хоризонти и да ги остварат своите соништа (www.francisngannoufoundation.org).
„Првата целосно опремена ММА и боречка сала во Камерун“ напиша Нгану со фотографија на новата сала.
Нгану емигрирал во Франција на 26 години.
https://www.instagram.com/p/Bsiqdw6hCyU/?utm_source=ig_embed
.