Приходите од натпреварот помеѓу Флојд Мејведер (САД) и Мани Пакијао (Филипини) можат да достигнат до 700 милиони долари. Тоа го предвидува американскиот боксер во едно интервју.
Според првичните податоци 4,4 милиони луѓе платиле по 100 долари за да ја гледаат средбата. Со дополнителните приходи, собраниот износ надминува 500 милиони долари.
„Се уште немаме целосни податоци. Ние би можеле да дојдеме бројката од 5,2 милиони од купување на телевизиските права. Со меѓународните права, билетите и дополнителната продажба е можно да одиме на приходи од 700 милиони долари“, рече Мејведер.