Боксеркста легенда Флојд Мејведер (46) продолжува да договара егзибициски борби. Поранешниот светски шампион договори нов настап на 11 јуни на Флорида против Џон Готи Трети, кој во својата борбена кариера има пет победи и пораз во ММА натпреварите и две победи во професионалниот бокс.
Готи го имаше своето деби во боксот минатиот октомври кога со едногласна одлука го победи Алберт Тали, а во јануари го нокаутира Алекс Цитровски во првата рунда.
Но, доаѓањето на Џон Готи Трети на боречката сцена привлече посебно внимание од медиумите.
Имено, 30-годишниот Американец е внук на познатиот њујоршки мафијаш Џон Готи, кој раководел со работите на мафијашкото семејство Гамбино.
Џон Готи беше осуден на доживотен затвор во 1992 година, а почина од рак на грлото во средината на 2002 година.
Флојд Мејведер досега имаше шест егзибициски меча, минатата година одржа три (Дон Мур, Микуру Асакура и Деџи Олатуњи), а во февруари боксираше против Арон Чалмерс во лондонската О2 арена.
Floyd Mayweather will face John Gotti III in an exhibition bout on June 11th in Florida
Gotti is 5-1 as an MMA fighter and 2-0 as a professional boxer pic.twitter.com/BQlfVlbmCx
— Happy Punch (@HappyPunch) April 26, 2023