Флојд Мејведер продолжува да урива нереални рекорди, иако и официјално ја заврши кариерата. Американската бокс легенда се врати во насловните вести со занимливи статистики. Новинарот Дан Канобио пресмета колку пари направи Флојд Мејведер со секој удар што го зададе во последната деценија.
Статистиката е од 2010 до 2019 година. Според „Форбс“, 42-годишниот ветеран остварил 915 милиони долари за тој период. Се бореше 10 меча и зададе 1833 удари. Тоа значи 499.181 долари и 67 центи за секој удар. Меѓу ривалите во овој период се големите шампиони како Шејн Мозли, Виктор Ортиз, Мигел Кото, Роберто Гереро, Сол Алварез, Маркос Меидана, Мани Пакијао, Андре Берто и Конор Мек Грегор.