Флојд Мејведер се појави на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во улогата на скаут. Тој го надгледуваше натпреварите од втората сеанса и бараше потенцијални ѕвезди со кои ќе потпише договор.
Легендарниот боксер, кој се повлече минатата година, ги следеше средбите во категориите до 69 кг и +91 кг. Покрај него на трибините беа забележани дел од ѕвездите на американскиот кошаркарски тим како Кевин Дурант и Кармело Ентони.
Мејведер сигурно се потсетил времињата кога учествуваше на Олимписките игри. Пред 20 години тој стигна до полуфиналналето на најголемиот спортски форум во Атланта. Тогаш го доживеа единстевниот пораз, и тоа на поени од Бугаринот Серафим Тодоров.
https://youtu.be/e5DNhVVJygo