Френсис Нгану продолжува да го бара своето место под боксерското сонце, но се чини дека потрагата наскоро ќе заврши бидејќи Флојд Мејведер јавно објави дека сака да соработува со поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија.
„Би сакал да работам со него. Тој сакаше да потпише со „Мејведер промоушнс“. Тој е многу надарен човек, неверојатен е и ако сака да се бори со врвните тешкаши, треба да ја добие таа шанса“, изјави Мани за Бет онлајн.
„Предаторот“ практично е невработен веќе година и пол, иако договорот со најголемиот ММА синџир му истече дури во јануари. Тој е во преговори со Тајсон Фјури, Ентони Џошуа и Дионтеј Вајлдер, но во оваа фаза се чини дека тие разговори се повеќе пред медиумите отколку на маса со нивните менаџери.