Еден од најдобрите боксери во светот, непоразениот Флојд Мејведер (50-0, 27 КО) последниот професионален меч го имаше во август 2017 година, кога во десеттата рунда со прекин го совлада Конор Мек Грегор.
По тој меч Флојд имаше уште три егзибициски борби против Теншин Насукава, јутјуберот Логан Пол и неодамна против Дон Мур.
Мејведер во мај приреди вистинско шоу на настан во Абу Даби и веднаш доби понуди за уште еден настап до крајот на годината.
Првиот натпревар кој следи е егзибициска борба против Микура Асакура.
„Сè уште сум најмногу споменуван кога зборуваме за боксот, сепак сум платен. Продолжувам да ја ограбувам банката“, рече во негов стил Флојд Мејведер и продолжи:
„Имам уште три натпревари до крајот на годината, а можно е еден од нив да биде професионален. Ако се договориме, тогаш ќе треба да платат најмалку 200 милиони долари“.