Флојд Мејведер доминираше против Џон Готи III, во текот на мечот го смени судијата (ВИДЕО)

Боксерскиот великан, непоразениот Флојд Мејведер Јуниор се врати во рингот во ЦДМХ арената во Мексико Сити, каде доминираше во реваншот против Џон Готи Трети, внук на мафијаш од Њујорк.

Нивниот прв егзибициски меч во јуни 2023 година беше прекинат во шестата рунда, што резултираше со хаос и масовна тепачка во рингот.

Мејведер и Готи се вратија во рингот по нешто повеќе од една година, а интересно е што тоа беше прва борба на Флојд во Мексико.

Еден од најголемите боксери во историјата си поигра со Готи на почетокот на мечот и тоа го фрустрира поранешниот ММА борец.

Двајцата боксери продолжија да зборуваат глупости меѓу рунди, а судијата се обиде да ја контролира ситуацијата.

Во втората рунда судијата го предупреди Флојд за удар во задниот дел од главата што го налути.

Мејведер побара да се донесе уште еден судија за борбата да продолжи. А тоа што го бараше и го доби…

Поранешниот светски шампион продолжи да има целосна контрола врз борбата, го школуваше Готи и ја доведе борбата до мирен крај.

Му дозволи на противникот неколку удари, но веднаш возврати со низа комбинации, брилијантно ја диктираше секоја секунда од борбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON