Поранешниот светски шампион, Флојд Мејведер, се откажа од боксот и тргна на турнеја низ Европа.
Американецот, од 30 јануари до 14 февруари, ќе ги посети Белгија, Холандија, Англија, Велс и Шкотска. Мејведер ќе се обрати на своите фанови, а по шоуто се предвидува забава за ВИП фановите.
Влезниците се движат од 200 до 2.000 фунти, а во цената се вклучува консумација и евентуално селфи со боксер (1.000 фунти). Ако побарате разговор за неколку минути со шампионот, ќе треба да дадете уште толку.