Фјури: Започнува нова ера во боксот (ВИДЕО)

Fjuri slavi so vikanje

Британецот Тајсон Фјури предвидува доаѓањето на нова ера во професионалниот бокс, откако го детронизираше шампионот Владимир Кличко и му ги зеде четирите појаси. На рингот во Дизелдорф, 27-годишниот Фјури, нарекуван уште „Цигански крал“, победи со едногласна судиска одлука. Тој се заблагодари на Бог за успех.

„Господ го планирал да станам ова уште од моето раѓање на 12 август 1988 година! Сакајте и ќе добиете! Го замолив Бог за дете и тој ми го даде. Го замолив за победата вечерва и ја постигнав. Тоа е моќта. Јас сум само човек , но Господ е семоќен. Кличко бега од мене пет долги години. Луѓето можат да кажуваат за мене што сакаат. Кличко е голем шампион, но секое нешто си има крај. Денес започнува нова ера и јас можам да ветам дека ќе бидам најхаризматичниот шампион од времето на Мухамед Али па наваму “, рече Фјури кој остана задоволен и од однесувањето во целина против Кличко.

„Го зајадував, направив незамисливи нешта за друг боксер. Никој не доаѓа во Германија и не се боксира со шампионот во тешка категорија на овој начин“, заврши Фјури.

https://youtu.be/4U1ktQ2Ob_w

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON