Британскиот боксер во супер тешка категорија, Тајсон Фјури, во интервју за „Скај спортс“ изјави дека симнал над 30 кг непотребна тежина за време на подготовките за мечот со светскиот шампион Владимир Кличко.
Првично, средбата требаше да се одржи на стадионот во Дизелдорф на 24 октомври, но поради повреда на Украинецот борбата беше одложен за 28 ноември.
„Јас лесно акумулирам 19-25 килограми меѓу средбите. Знам дека звучи многу, но овој тренинг камп почнав со тежина 146 килограми, а сега сум 114,3. Питер Фјури ме подложи на ментална и физичка тортура за време на тренинзите во последните шест месеци“, изјави Тајсон Фјури.
Следниот противник на Владимир Кличко продолжува да восхитува со своите методи на подготовка. Ако претходно си удри лубеница од главата, сега ексцентричниот Британец одлучи да влезе во ледена бања. Но, дури и тоа не му помогна на зборлестиот Фјури да ја затвори устата и да замолчи барем за неколку минути.