Актуелниот шампион во тешка категорија во бокс на WBA / WBO / IBF / IBO, 27-годишниот Тајсон Фјури ќе има реванш меч со Владимир Кличко.
Но сега Англичанецот ветува дека неговиот противник нема да стигне до крајот на борбата.
„Стадионот „Вембли“ е добро место за одржување на реваншот. Во првиот меч јас си играв со него. Но, овој пат ќе го направам прав и пепел. Тој не може да покаже ништо подобро, бидејќи беше разобличен“.
Реваншот е закажан за летото во 2016 година.