Тајсон Фјури изјави дека кон крајот на 2020 година ќе се повлече од професионалнио бокс, со цел да се посвети на семејството.
Пред повлекувањето Фјури уште неколку пати ќе се појави во рингот, а засега се договорени два мегадуели против шампионот на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер.
„Се надевам дека следната година ќе се борам уште три пати. Против Вајлдер во февруари и во јуни, дури во декември да организирам и „меч за последен поздрав“. Боксот е за помладите, не би сакал да се борам подолго од што морам. Мислам дека ќе биде добар тајминг да се повлечам, дома имам ќерка и сопруга кои ме чекаат, па би сакал повеќето време да го поминувам со нив“, истакна Фјури.
„Кралот на ромите“ досега нема пораз во кариерата, од вкупно 30 борби победи на 29, а последната негова битка против Валјдер заврши баез победник.