Познатиот американски промотер Боб Арум најави дека борбата за титулата апсолутен светски шампион во тешка категорија меѓу Александар Усик и Тајсон Фјури би можела да се одржи на крајот на годината во Саудиска Арабија.
Од почетокот на годината во активни преговори се претставниците на Фјури и Усик. Двете страни беа многу блиску до договор, но на крајот сето тоа пропадна. Тајсон се налутиl и рекол дека Украинецот не заслужува да го дели рингнот со него.
Нивната борба беше најавена за крајот на април во Велика Британија. Арум откри дека разговорите пропаднале бидејќи постоела шанса борбата да се одржи во Саудиска Арабија. Сепак, шеиците сакаат тоа да се случи во зима, а не порано.
Боб рече дека откако Усик ќе се бори со Даниел Дубоа, тогаш тие ќе продолжат со преговорите.
„Се разбира, разговорите пропаднаа бидејќи се наѕираше можноста за борба во Саудиска Арабија.
Саудијците јасно ставија до знаење дека ја сакаат оваа борба поблиску до зимата – во ноември или декември.
Никого не измамија. Сега Усик треба да се бори со Даниел Дубоа во Англија и ако победи, ќе се вратиме да зборуваме за борбата со Тајсон.
Се надевам во Саудиска Арабија“, изјави Арум за БоксСцена.
View this post on Instagram