Фјури со ултиматум до Усик: Тик-так… Ме чекаат 2 милиони долари со Дубоа (ВИДЕО)

Тајсон Фјури му постави ултиматум на Александар Усик откако се појавија информации дека Британецот прави се за да ја уништи борбата со Украинецот. Тој се појави на Инстаграм за да ги објави своите услови јавно.

„Усик, вредиш 30%. За секој ден што се прашувате, ќе земам по еден процент. Во спротивно, ќе се борам со Даниел Дубоа за 2 милиони долари“, рекол „Џипси Кинг“ во својата „приказна“ на социјалната мрежа.

Претходно, агентот на Усик, Александар Красјук, изјави дека неговиот клиент е подготвен да се бори со поделба од 60/40 и уште повеќе, но ривалот сакал толку висока загарантирана сума, што 100% од парите ќе биде невозможно да ги покријат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON